Нов протест пред Влада: „Мартин може да биде секој од нас“

by Фокус

Педесетина демонстранти денеска во 17 часот одржаа мирен протест пред Владата, барајќи правда за Мартин Нешковски, кој беше убиен од припадник на МВР за време на славењето на изборната победа на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот „Македонија“. Луѓето кои протестираат извикуваа „Оставка“, „Убијци“, „Нема правда, нема мир“  и „Долу диктатурата“.

-Денешниот протест е  организиран поради тоа што ниту една институција на функционира, бидејќи и по четири години борба за правда сме приморани да излеземе на улица и да бараме правда која се уште не е задоволена. Мартин може да биде секој од нас. Тие се трудат на секој можен начин да го прекријат убиството наместо да излезат херои и јавно да кажат дека тој што е виновен ќе одговара“, изјави Александар Нешковски , брат на убиениот Мартин.

Ова беше втор протест кој се одржа денеска. На пладне протестираа средношколците, кои одржаа марш од Градскиот парк до Министерството за образование и наука. Тие бараат укинување на екстерното тестирање, како и нов концепт за полагање на државната матура.

 

ФОТО: Радио МОФ

Поврзани новости