ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДСМ продолжи со неконструктивно однесување, ние сме спремни за сите опции

by Фокус 18:26
18:26

-Доколку СДСМ продолжи со своето неконструктивно и антидржавно однесување, преку кое го минира процесот и договорот од Пржино се со цел и само за да побегне од избори, а Македонија да ја изгуби препораката за почеток на преговори, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и спремна за сите опции, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека тие се однесувале принципиелно и во согласност со договорот од Пржино, додека пак СДСМ се обидувала по секоја цена со паушални толкувања да бара негово проширување и дополнување. Дополнуваат дека достоинственото држење на ВМРО-ДПМНЕ предизвикувало нервоза кај СДСМ, кои пак се обидувале да заплашуваат со терминологијата дека ” за СДСМ сите опции се отворени” алудирајќи на закани со повторно објавување на незаконските стекнати, креирани и објавувани материјали.

- Advertisements -

-И за нас се отворени сите опции, велат од ВМРО-ДПМНЕ, отворени се сите опции за активности и дејства предвидени со законите и со уставот кои како пракса се постојат во сите демократски земји и кои се потврдени со волјата на народот, стои во соопштението на ДПМНЕ.

 

 

Поврзани новости