Претседателот на ОИ во Токио, Мори поднесе оставка по изјавата дека жените многу зборуваат

by Fokus

Претседателот на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Јоширо Мори денеска поднесе оставка поради минатонеделните сексистички изјави.

– Моите непримерни изјави предизвикаа големо вознемирување. Денеска сакам да се повлечам од местото претседател, изјави Мори на состанокот на Извршниот одбор на ОИ.

Мори, 83-годишниот поранешен премиер на Јапонија, на 3 февруари на состанок на Јапонскиот олимписки комитет изјави дека жените многу зборуваат.

Тој потоа се извини и одбиваше да поднесе оставка. Неговата оставка уследи по притисок на јавноста, додека главните спонзори на ОИ, меѓу кои и Тојота го критикуваа Мори. Во вторникот група пратенички носеа бела облека во знак на протест поради изјавата на Мори. Тие беа поддршани и од дел од пратениците.

Гувернерот на Токио, Иурико Коике изјави дека нема да присуствува на состаноцте на Организацискиот комитет на ОИ во знак на протест. Во знак на протест речиси 400 лица ги повлекоа пријавите за волонирање на ОИ. Мори е познат и по гафовите и недипломатските изјави дадени за време на неговиот премиерски мандат од 2000 до 2001 година. Се уште не е познато кој ќе го замени Мори.

 

Поврзани новости