554
Ѓорги Сламков претседател на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер поднел оставка, и веќе ја доставил до Собранието минатата недела на 17 април, поради како што навел лични причини.
Сламков беше избран за претседател на Комисијата, откако претходно во два мандати беше претседател на Антикорупциската комисија.
Додека беше на чело на Анткорупциската, Сламков ја отвори и веднаш ја затвори постапката против тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков за судир на интереси