Мицкоски: СДСМ го одложуваше пуштањето во употреба на автопатот за граѓаните да заборават дека е изграден од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

СДСМ го ставеше политиканството во втор план и се посветеше на интересите на граѓаните, овој автопат ќе беше во употреба уште во август минатата година и граѓаните ќе можеа побргу и побезбедно да се движат по патниот коридор 10, реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако денеска беше пуштен во употреба автопатот Демир Капија-Смоквица.

ВМРО-ДПМНЕ го реализираше проектот за изградба на автопатот до завршна фаза уште во мај 2017 година. Преостануваше само да биде преместен уште еден далновод и да се заврши контролната соба. Целиот автопатот од 28 километри, кој поминува низ сложен карпест терен беше завршен за 5 години. СДСМ потроши цела една година за преместување на една бандера и доизградба на една просторија. СДСМ неосновано го одложуваше пуштањето во употреба на автопатот, со цел граѓаните да заборават дека автопатот е изграден од ВМРО-ДПМНЕ и да се создаде впечаток, дека ете и СДСМ нешто изградиле. Граѓаните не се со кратка меморија и покрај потценувачкиот однос кој секојдневно го добиваат од СДСМ, граѓаните точно знаат кој, што и колку направил. Овој автопат исто како и автопатот Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид се почнати и се во напредна фаза на реализација токму во време на ВМРО-ДПМНЕ, едниот 70%, другиот 50% реализирани. Сите проекти, кои СДСМ и Заев ги најавија како свои се проекти на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ нема отпочнато ниту еден километар нов автопат, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости