Претседателот на Израел смета дека обвинувањата за геноцид се „страшни и бесмислени“

by Fokus

Исак Херцог – претседателот на Израел смета дека нема ништо „пострашно и побесмислено“ од тужбата против Израел дека извршил „геноцидни дејствија“ врз Палестинците во војната во Газа, поднесена до Меѓународниот суд на правдата.

Херцог на средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја критикуваше Јужноафриканската Република за поднесување тужба до судот, во која првото рочиште беше закажано за четврток, и му се заблагодари на Вашингтон за поддршката, пренесоа агенциите.

Повеќе од 23.000 Палестинци се убиени во израелските воени операции од почетокот на војната на 7 октомври, а 85 отсто од жителите на Газа беа раселени од своите домови по наредба на израелската војска.

Независни експерти проценуваат дека околу 40 отсто од становите во Газа се веќе оштетени или уништени од израелските напади.

Херцог на состанокот со Блинкен изјавил дека Израел мора да победи „бидејќи тоа е војна што влијае на меѓународните вредности и на вредностите на светот“.

Поврзани новости