Претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви вечерва во „24 анализа“ истакна дека се згрозени од отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ и најавеното отворање на клуб со името „Цар Борис Трети“.
-Најавивме и поднесување кривична пријава. Потребно е време да се приложат докази, да се подготви пријавата и во тоа успеавме. Ангажиравме адвокатска куќа и во понеделникот ја упативме кривичната пријава до Јавното обвинителство во Охрид за отворање на здружението под тоа име. Се надевам дека ЈО ќе реагира доста брзо. Сите знаеме кој е Цар Борис Трети, информира Леви.
Тој во емисијата покажа фотографија од цар Борис Трети како се поздравува со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.
Отворањето на клубот „Цар Борис Трети“ е најавено за 7. октомври во центарот на Охрид.