Бајден замина на Флорида по катастрофалните последици од ураганот Иан

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден денеска замина за Флорида, која пред неколку дена беше тешко погодена од ураганот Иан.

Претседателот вети дека федералната влада ќе работи со државните и локалните власти на Флорида за да ги обнови домовите, бизнисите и нормалниот живот, оставајќи ја засега политиката настрана и фокусирајќи се на оние на кои им е потребна помош.

Ураганот Ијан минатата недела уби најмалку 84 лица, од кои 75 токму во оваа американската сојузна држава, чии стотици илјади жители се уште чекаат да се врати електричната енергија. Претходно, околу 2,6 милиони лица беа без струја, а многумина сè уште немаат пристап до храна и вода.

Бајден планира денеска да се сретне со жителите и малите бизниси во Форт Мајерс, во близина на местото каде што ураганот Ијан удри на тлото на Флорида, и да им се заблагодари на претставниците на локалната власт за пружањето итна помош и отстранување на урнатините .

Поврзани новости