Претседателот Иванов бара советник за внатрешна политика

by Fokus

Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов објави оглас за вработување на посебен советник на определено време, пренесува Макфакс.

Кандидатот покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е да има завршено најмалку високо образование VII/2 степен или студии со стекнати 300 ЕКТС од областа на општествените науки; да има искуство во работата на законодавната, извршната, судската власт или локалната самоуправа; искуство во работата на владини и невладини организации од областа на науката, културата, образованието, политичките партии, верските заедници и локалната самоуправа; да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски); да има најмалку 4 години работно искуство и да ги исполнува условите за добивање на безбедносен сертификат.

Основната плата е 35 илјади денари, а огласот е активен до 12 јуни.

Поврзани новости