Почина 46 годишна затвореничка во Идризово

by fokus

Четириесет и шестгодишна затвореничка вечерва почина во женското одделение во затворот „Идризово“, дознава „Фокус“ од извори од затворот.

Според нашите информации жената, чиј идентитет ни е познат, но нема да го објавиме се до официјална потврда на случајот, се жалела на болки, а во 23.30 часот починала.

Во овој период во затворот нема лекар, бдејќи си заминува во 16.30 часот, па први на помош притрчуваат останатите затворенички, а дури подоцна стигнува  екипа на Брза Помош, но тоа најчесто е предоцна.

Нашите извори порачуваат дека наскоро ќе споделат повеќе детали за случајот, но и за како што велат кошмарот зад решетките.

В.В.

Поврзани новости