Владина одлука за санација на штетите од поплавите во тетовско

by Fokus

Македонската влада донесе одлука за започнување постапка за санација и за обештетување на штетите од поплавите во тетовскиот регион од невремето на 5 јуни.

Од владината прес-служба информираа дека формирани се комисии кои веќе ги констатирале состојбите на теренот, по што е свикана вчерашната владина седница за побрзо да се интервенира и да се помогне на луѓето кои се засегнати од последиците од временските неприлики.

На седницата било информирано дека имало нанос од песок и земја од околу 70.000 метри кубни, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај Порој, што е неопходно брзо да биде исчистен и оти биле зафатени 50 хектари земјоделски површини.

Поврзани новости