Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов објави оглас за вработување на посебен советник на определено време, пренесува Макфакс.
Кандидатот покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е да има завршено најмалку високо образование VII/2 степен или студии со стекнати 300 ЕКТС од областа на општествените науки; да има искуство во работата на законодавната, извршната, судската власт или локалната самоуправа; искуство во работата на владини и невладини организации од областа на науката, културата, образованието, политичките партии, верските заедници и локалната самоуправа; да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски); да има најмалку 4 години работно искуство и да ги исполнува условите за добивање на безбедносен сертификат.
Основната плата е 35 илјади денари, а огласот е активен до 12 јуни.