Претседателката на ЕП не пријавила раскошна вечера и платен престој во луксузен хотел, на службен пат одела со сопругот

by Fokus

Претседателката на Европскиот парламент од Малта, Роберта Мецола се најде под притисок на јавноста бидејќи и е даден на подарок престој во луксузен француски хотел, кој не го пријавила целосно до надлежните институции, а новата афера следи од неодамнешниот корупциски скандал во ЕУ поврзан со потпретседателката на ЕП, Ева Каили.

Ноќевањето на Мецола, членка на Европската народна партија (ЕПП), која во октомври престојуваше со сопругот во регионот Бургундија, го платило француското винско братство, објави порталот Политико, а оваа информација ја потврдил и портпаролот на Мецола.

„Не беше грешка, ниту еден претседател на парламентот пред мене не го направил овој чекор“, изјавила Мецола.

Мецола го најави патувањето минатата недела откако белгиската полиција во декември ја уапси потпретседателката на ЕП Ева Каили од Грција, членка на блокот на Социјалистите и Демократите (С&Д), под обвинение за корупција, перење пари и врски со организиран криминал.

Мецола во почеток не пријавила дека на патувањето ја придружувал нејзиниот сопруг

Политико наведува дека членовите на парламентот треба да пријават подароци до крајот на следниот месец, а Мецола тоа го направи дури во јануари, наместо – според правилата на ЕП – на крајот на ноември.

Според Политико, Мецола и нејзиниот сопруг ноќевале во хотел со пет ѕвезди, со раскошна вечера, а цената на ноќевањето чинело 350 евра.

Мецола тврди дека парламентарните лидери досега не пријавувале вакви патувања и дека сака да ја прекине практиката и да прекине со „она што досега било вообичаено и традиција“.

Поврзани новости