Претпладне облачно, попладне сончево

by Фокус

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Како што информираат од Управата за хидрометеролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе биде магливо и со ниска облачност, а попладне сончево. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени.

Поврзани новости