Претепаните новинари на протестите „За заедничка Македонија“ денеска ќе дадат исказ пред обвинителство

by Fokus

Вработените во интернет порталот А1он Александар Тодевски и Влатко Желчески денеска ќе се појават во Основното јавно обвинителство, пренесува телевизија 24.

Новинарите кои беа брутално претепани на еден од протестите кој беше организиран од страна на иницијативата „За заедничка Македонија“ денеска ќе дадат исказ во Основното јавно обвинителство.

За Телевизија 24 велат дека очекуваат случајот да се расветли и тепачите да ја добијат казната која ја заслужуваат, бидејќи нападнале луѓе кои професионално си ја вршеле својата работа без никаква причина.

Поврзани новости