Франција го поздрави доделувањето на мандатот на Заев

by fokus

Франција ја поздравува одлуката на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, да му го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„Ова е важна можност за земјата да излезе од политичката криза. Се надеваме дека новата Влада ќе биде наскоро формирана. Франција ги повикува сите политички сили застапени во Собранието да воспостават конструктивен дијалог во рамките на институциите, така што идните власти за скоро време да почнат со спроведување на итните реформи неопходни за трајна стабилизација на земјата и напредок на патот кон евроинтеграцијата“, се наведува во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

Поврзани новости