Претепан Саша Богдановиќ, претседател на ОО на СДСМ во Центар

by Фокус 13:57
13:57

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ, бил претепан синоќа пред својот дом, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Нападот се случил кога Богдановиќ излегувал од својот автомобил пред зградата во која живее. Напаѓачите биле маскирани со црни маски.

- Advertisements -

Го нападнале и почнале да го удираат со метални цевки нанесувајќи му тешки повреди. Поради сериозноста на повредите тој бил пренесен и е задржан на лекување во Ургентниот центар, рече Шилегов.

Поврзани новости