По информацијата дека пет лица биле повредени на синоќешниот состанок на ДУИ во Сарај, Рафиз Алити за „Утрински весник“ појасни дека синоќа не се одржал никаков состанок во Сарај, туку инцидентот се случил во кафеана во Кондово.
-Јас не бев присутен и тоа нема врска со ДУИ. Повредените ги познавам, тие се членови и активисти на ДУИ, но не се дел на партискиот огранок во Сарај, изјави потпретседателот на Собранието и висок функционер на ДУИ од Сарај, Рафиз Алити, за Утрински весник.
Тој потврдува дека пукотницита избила меѓу активисти на ДУИ, но демантира дека причина за тоа била несогласувањата меѓу него и поранешниот министер за правда Блерим Беџети.
Но, според неофицијални информации, најголемата битка за избор на претседател на партискиот огранок во Сарај се води меѓу нив двајца.
Повредените, кои имаат прострелни рани се наоѓаат на лекување на скопските клиники. Од СВР Скопје иако го потврдија инцидентот, се уште не излегуваат со официјални информации.