МВР го потврди инцидентот во Кондово

by Фокус

Од МВР го потврдија вчерашниот инцидент што се случил во кафеана во Кондово, меѓу приврзаници на ДУИ. Оттаму објаснуваат дека вчера околу 17 часот било пријавено дека во чајџилница во Кондово дошло до меѓусебна престрелка меѓу четири лица на возраст од 29 до 34 години при што биле испукани повеќе куршуми  од огнено оружје.

-Четири  лица се здобиле со повреди од кои тројца учествувале во престрелката, а четвртото било на местото на настанот. Тројца од повредените се пренесени во Ургенетен центар,а кај еден има констатирано тешки телесни повреди. Едниот од повредените е пренесен во градската општа болница „Осми септември“ и кај него се констатирани тешки телесни повреди, вели Дејана Недељковиќ од МВР.

Таа додава дека извршен е увид од припадници на СВР Скопје, подигнати се повеќе траги, а известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следеле соодветни пријави.

Престрелката претходно ја потврди и Рафиз Алити, кој негираше дека истата се случила во седиштето на ДУИ, како што јавија некои медиуми.

Тој потврди и дека пукотницита избила меѓу активисти на ДУИ, но демантира дека причина за тоа била несогласувањата меѓу него и поранешниот министер за правда Блерим Беџети.

Но, според неофицијални информации, најголемата битка за избор на претседател на партискиот огранок во Сарај се води меѓу нив двајца.

 

 

 

Поврзани новости