Почнува зимското сметање на времето, стрелките за еден час наназад

by Фокус

Вечерва после полноќ, или ноќта меѓу сабота и недела, започнува зимското сметање на времето, поради што стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час назад.

Тоа значи дека во 3 часот ноќта стрелките на часовникот треба да се поместат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Поместувањето на стрелките во западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.

Преминувањето на летно и зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.

Сепак, некои астрономи се против поместувањето на стрелките и вештачкото „продолжување“ на денот, затоа што сметаат дека природата не треба да се „мачи“, па дури и ако се правда со економски пресметки.

Поврзани новости