463
Вооружена пресметка на две групи вечерва во тетовска Мала Речица резултираше со најмалку една жртва и неколку повредени, објавија неколку портали на албански јазик, при што некои од нив известуваат дека има еден починат и двајца повредени, а другите дека има дури тројца починати.
Луѓето што застанале на улица и пукале едни кон други од два различни автомобили во непосредна близина на седиштето на ДУИ, според дел од медиумите, се припадници на оваа партија од Скопје и Куманово.
Од МВР го потврдуваат настанот, посочувајќи дека повредените се пренесени во тетовска болница, а за случајот има и двајца приведени.