Двајца се приведени за пукањето во Мала Речица, во кое еден загина, а еден е повреден

by Фокус

Едно лице загинало во престрелката што денес по 18 часот се случи во близина на седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица.

Весникот на албански јазик Коха, повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека убиениот е Наип Реџепи од Куманово

Од Клиничката болница во Тетово ја информирале полицијата дека кај нив биле донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.

Порталот на албански јазик Шкипмедиа, пак, објави дека се работи за престрелка меѓу припадници на ДУИ од Скопје и Куманово.

Во врска со случајот, МВР привело две лица.

Поврзани новости