Цветин Чилиманов, новинар и член на атход телото за предизборен медиумски мониторинг, упати критики до претставниците на меѓународната заедница, која, според него, дозволила формирање на државна цензорска комисија во државава, наспроти медиумските состојби и стандарди во нивните матични земји, особено во САД. Американскиот амбсадор Џес Бејли, пак, ги отфрли тврдењата дека американската влада поддржува цензура во Македонија.
-Во САД медиумите се дерегулирани и слободно постапуваат во согласност со нивната уредувачка политика. Во САД не постои изборен молк. Не постои концептот на мерење на пристрасност на медиумот. Ако сакаш да бидеш Трамповизија, тоа е твое право. Ако си решил да правиш Kлинтон ТВ -нок јорселф аут (те молам почни да го правиш тоа). Ако лажеш, нормално, ќе те тужат, но се додека ја кажуваш вистината, единственото регулаторно тело е далечинскиот управувач на граѓаните кои решаваат дали ќе губат време на тебе или не – изјави Чилиманов за Дневник.
Во серијата текстови на Твитер, Бејли напиша:
„Се согласувам со Чилиманов дека кога постои плурализам, гледачите може да „гласаат“ преку менување канали. Американските ТВ станици емитуваат ставови кои се разликуваат од нивната уредувачка политика/перспектива. Многу американски медиумски организации исто така имаат омбдусман/јавен уредник за да задржат чесно и искрено изразување. Кандидатите за изборите во САД учествуваат во телевизиски дебати. Се надевам дека такви ќе има и овде. Се надевам дека македонските граѓани ќе ги судат своите медиуми со критични очи и ќе гледаат различни перспективи“.