509
По положената заклетва, новиот премиер Зоран Заев, ја даде првата изјава во која ја честиташе новата влада и порача дека за реформските процеси ќе бара поддршка од сите.
-Дозволете од мое име и од име на целиот кабинет да ја честитам новата реформска влада, да го вратиме животот во Македонија. Верувам дека сите заедно ќе работиме за Македонија и за сите граѓани. Среќно Македонијо! Јас и најавив дека ќе рабтам на добивање поддршка. Се надевам на инклузивне процес, да се слуша мислењето и на опозицијата, рече Заев.