473
Премиерот Зоран Заев на денешната седница на Владата на Република Македонија најавил дека до крајот на јануари ќе се формира ново тело „Совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството за период 2017 – 2022“ со кое ќе претседава лично тој.
Воедно премиерот Заев, јавно им се заблагодари за завршената успешна работа на членовите на Советот за реформи во правосудството кој работи во рамките на Министерството за правда, и кои активно работеа на изработка на Стратегијата како обврска предвидена во деловите 3 и 6 од планот 3-6-9.