Демири: Кога еден обред излегува од дворот на црквата, тоа веќе не е религиозен обред

by fokus

Ова што го гледавме ние е узурпација на јавниот простор заедно со власта која ги усвојува сите принципи на моќта исто како и претходната, смета Мериглен Демири кој вечерва е гостин на Топ тема на телевизија Телма каде тема е бадниковата поворка со 7.000 деца.

-Мора да сфатиме дека кога еден обред кога излегува од дворот на една црква, тогаш тоа веќе не може да се чита како религиозен обред, туку како политички. Она што се случува во самата црква, треба да си остане таму. Мора да сфатиме дека во суштина религијата не можеме да ја исклучиме од јавниот живот, меѓутоа религиските институциите не смеат да бидат партиски портпароли.

Поврзани новости