Архаичните концепти од времето на националромантизмот за големи држави се завршени овде. Тоа го кажа јасно и американскиот амбасадор во Косово, како и генералниот секретар на НАТО и било кој друг политичар од таков ранг. Тоа е завршена работа, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски за објавеното знаме на „Голема Албанија“ на собирот во петокот во Тетово.
Ковачевски им порача на присутните новинари дека кога ќе поминете пред Владата има знаме на НАТО, како и пред зградата на Владата во Тирана. Дециден е дека ова се држави кои се дел од најголемиот одбранбен воен сојуз во светот.
Додава дека регионот веќе не е Балканот од 90-тите години. Имате земји-членки на НАТО, како и членки на ЕУ, но и земји кои преговарааат со Унијата.
Вели дека не го зачудуваат „кога ќе види 80-годишни политичари од земјава и соседството кои го застапуваат концептот да не се градат коридори и да има кагва меѓу државите“, бидејќи како што вели, „така ја изградиле својата кариера“.
„Се уште имате пратеник во нашето Собрание кој што доаѓа од редовите на УДБА. Какви ставови сакате да има, да ја види земјава во ЕУ? Тој кариера изградил државата да не биде дел од ЕУ Не можете од него да очекувате д аја носи државата во ЕУ. Само новите млади политичари може да ја однесат земјата напред, порача премиерот, одговарајќи на новинарско прашање.