Партнерката на Курто Дудуш формира политичка партија

by fokus

Поранешната претседателка на Советот на Општина Шуто Оризари, Фатима Османовска, која е и партнерка на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, ќе основа партија. Потписите се веќе собрани, а партијата ќе го носи името Унија на Роми.

За регистрација на партија се потребни 1.000 потписи, а Османовска на Фејсбук сподели дека 1.800 граѓани дале поддршка и се потпишале. Неофицијално, претседателка на партијата ќе биде Османовска, а барањето за регистрација е веќе поднесено до Граѓанскиот суд и се чека повратен одговор.

Водени од идејата дека обединети, гласни и соодветно претставувани, може да ја постигнеме политичката застапеност која ја заслужуваме како заедница.
Имајќи ја таа политичка застапеност преку нашето обединување во УНИЈА НА РОМИ ќе постигнеме и напредок на заедницата и унапреден квалитет на живот, не само на ромската заедница, туку на сите малцински заедници и заедници кои не ги уживаат целосно своите права.
Наскоро, по официјалната регистрација, заедницата ќе биде поканета на заедничко стратешко и идеолошко планирање. Благодарност до сите 1.800 поддржувачи, кои се уште веруваат во позитивни промени, порача Османовска.

Инаку, Дудуш е градоначалник на Шуто Оризари втор мандат. Првиот мандат го освои како кандидат на СДСМ кога Османовска беше и избрана за претседалка на Советот. На минатите локални избори владејчката партија се одлучи да настапи со друг кандидат. На партискиот конкурс за кандидати за градоначалници на СДСМ беше пријавена Османовска, но откако партија за кандидат го избра Ферат Асан, Дудуш се кандидараше за градоначалник со поддршка на коалицијата ДОМ-ЛДП и успеа да победи.

ФОТО: Фејсбук

К.С.Б.

Поврзани новости