Обврзниците се од компанија што била дел од кривични дела, вели директорот Богоев

by Fokus

Запленетите обврзници се од офшор дестинација, a компанијата што ги издала обврзниците порано била дел од кривични дела. Индикативна е и банката што ги издала обврзниците, се дел од фактите што во интервју за „Слободен печат“ ги откри директорот на Царинската управа Стефан Богоев.

„ Сопственикот на обврзниците, патникот што ги носеше, лицето што го чекаше тука, државата каде што е регистрирана фирмата што ги издала обврзниците како и нејзината историја, но и банката што стои зад издавањето и нејзината историја, беа прилично индикативни за да започнеме посериозна финансиска истрага со други институции. Токму поради овие факти, соработката со меѓународните партнери е од големо значење.

Во изминатиот период и од турска страна и во рамките на СЕЛЕК и во рамките на ИНТЕРПОЛ се изрази огромен интерес за овој предмет. Ние како Царинска управа сме должни да ги заштитиме граѓаните и да спречиме можни кривични дела. Во однос на другите информации, нив ќе ги споделиме со јавноста по завршување на истрагата – изјави Богоев.

Поврзани новости