Премиерот со изјавите за Ристоска создава ризик од политичко влијание врз изборот на јавен обвинител

by vlatko 21:10
21:10

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата преку писмено соопштение укажува дека изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека обвинителката Ленче Ристоска апсолутно не е во игра за избор на нов државен јавен обвинител создава ризик од политичко влијание врз процесот.

Од Платформата сметаат дека од моментот кога Советот на јавните обвинители дал позитивно мислење за четворица кандидати кои ги исполнуваат законските услови за избор на државен јавен обвинител и предметот е доставен за понатамошна постапка во Владата, одговорноста за зачувување на кредибилтетот на постапката е кај извршната власт.

„Во таа насока, укажуваме дека јавни изјави на претседателот на Владата, со кои однапред се исклучуваат одредени кандидати, во фаза кога Владата сè уште нема донесено одлука, создаваат ризик од политичко влијание врз процесот. Особено имајќи предвид дека станува збор за кандидати за кои веќе е утврдено дека ги исполнуваат законските критериуми, ваквите изјави можат да ја нарушат довербата во еднаквиот третман и во интегритетот на постапката“, соопштија од Платформата.

Оттаму наведуваат дека изборот на државне јавен обвинител не е политичка, туку институционална одлука со значајни последици врз вледеењето на правото и системот на кривична правда.

Слични вести