Премиерот ќе може да вработи 10 кабинетски службеници

by Фокус 18:55
18:55

Според  Законот за вработени во јавниот сектор и за административни служебеници, премиерот на државата ќе може да ангажира 10 кабинетски службеници. Тоа е нова категорија на посебни советници, кои се различни од државните советници.

Освен премиерот, право на вработување на вакви посебни советници ќе имаат и претседателот на државата, генаралниот секретар на Владата, вицепремиерите и министрите што раководат со поголемите ресори, како и претседателот на Собранието. Претседателот на државата и претседателот на Собранието имаат право на 5 посебни советници, а останатите на тројца.

- Advertisements -

Претседателот Иванов прв ја искористи оваа можност и ги ангажираше Ивица Боцевски и Флора Кадриу.

 

Поврзани новости