Поповска во ЕП: За кредибилитет треба да се изберат нови луѓе

by Фокус 18:19
18:19

Лилјана Поповска од ДОМ денеска учествуваше на дебата за кризата во Македонија во Европскиот парламент (ЕП) во Брисел. Според неа, треба да се договори преодна влада со состав поинаков од досегашниот.

-За да може процесот да има кредибилитет треба да се изберат нови луѓе. Овде се работи за изгубена доверба и затоа е потребно да има луѓе во кои може да се има доверба, рече Поповска.

- Advertisements -

Таа смета дека опозицијата треба да се врати во парламентот, за да може да гласа за преодната влада и за нов Јавен обвинител кога сегашниот ќе се повлече. Исто така, Поповска вели дека логично е Груевски да се повлече од премиерското место, зашто не може тој да ги организира изборите.

Дебата посветена на кризата во Македонија ја организираше групата на Зелените под раководство на Германката Ребека Хармс и имаше за цел да го информира ЕП за состојбата во Македонија и можните начини за излез од оваа ситуација.

Поврзани новости