533
Според Законот за вработени во јавниот сектор и за административни служебеници, премиерот на државата ќе може да ангажира 10 кабинетски службеници. Тоа е нова категорија на посебни советници, кои се различни од државните советници.
Освен премиерот, право на вработување на вакви посебни советници ќе имаат и претседателот на државата, генаралниот секретар на Владата, вицепремиерите и министрите што раководат со поголемите ресори, како и претседателот на Собранието. Претседателот на државата и претседателот на Собранието имаат право на 5 посебни советници, а останатите на тројца.
Претседателот Иванов прв ја искористи оваа можност и ги ангажираше Ивица Боцевски и Флора Кадриу.