По објавувањето на четвртата „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, веднаш на прес-конференција излезе премиерот Никола Груевски, на која истакна дека Заев почнал со реализација на заканата.
Тој истакна дека уште пред да ја оствари првата средба со Заев, а на која требало да зборуваат за „бомбите“, лидерот на СДСМ веќе им имал раскажано на 200 луѓе, зошто бара средба, па премиерот веќе знаел дека ќе следува закана и уцена, како што рече, од најголем вид.
-Јас постапив на начин што случајот уредно го привјавив. Потоа следуваше примена на ПИМ мерки, по што средбите беа снимени, рече Груевски.
По признанието на премиерот дека Заев во неговиот кабинет бил снимен со употреба на посебни истражни мерки, сега се поставува прашањето како можеше овие снимки да бидат објавени во јавноста, кога се знае дека таквите снимки се тајни, а нивното објавување е казниво.
Премиерот истакна дека опремата за снимање во неговиот кабинет веднаш била демонтирана, потенцирајќи дека во кабинетот се снимало само по одобрување на обвинителството, а по соодветна пријва.
Премиерот уште еднаш потврди дека некои од снимките кои ги објавувал Заев биле точни, некој делумно точни, а некои целосно неточни.