Премиерот Груевски денеска за прв пат се сретна со новиот американски амбасадор Џес Бејли

by Фокус

Премиерот на Владата на Р.М, Никола Груевски, денеска за прв пат се сретна со новиот американски амбасадор, Џес Бејли.

На средбата е истакната определбата за интензивирање на соработката во сите сфери од заеднички интерес, а соговорниците ги поздравиле билатералните односи меѓу двете земји и го истакнале значењето на соработката во мировните мисии на НАТО.

Меѓу темите на разговорот биле и реформите што се спроведуваат во Македонија, актуелната политичка состојба, стратешката определба на државата за членство во евроатлантската заедница, како и можностите за зголемување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.

Поврзани новости