Премиерката Борн е попопуларна од претседателот Макрон

by Фокус

Француската премиерка Елизабет Борн, која е околу три месеци на функцијата, има поголем рејтинг од претседателот Емануел Макрон, покажуваат резултатите од месечната анкета на Ифоп за „Журнал ди диманш“.

Само 37 отсто од Французите се задоволни од работата на Макрон, што е еден процент помалку во споредба со претходниот месец, додека 63 отсто од испитаниците изјавиле дека се незадоволни.

Притоа, 41 процент изјавиле дека се задоволни од работата на Борн, односно три поени повеќе од минатиот месец.

Поврзани новости