Преку видео порака се јави и хрватската претседателка: Вие припаѓате во семејството на ЕУ и НАТО, а Хрватска е подготвена да ви помогне на тој пат

by Fokus

Хрватска силно ве поддржува, сега кога се соочувате со многу важна одлука за претстојниот референдум. Вие припаѓате во семејството на ЕУ и НАТО, а Хрватска е подготвена да ви помогне на тој пат, со тоа што ќе го споделиме нашето искуство.

Ова во видео порака до македонските граѓани во пресрет на референдумот го порача хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

– Ова е можност да придонесете кон целокупната стабилност и напредок во Југоисточна Европа. На крајот одлуката е Ваша, и само ваше право. Ние ќе ве поддржиме со сите ваши напори, вели во видео пораката до граѓаните на Македонија шефицата на хрватската држава.

Претходно денеска, преку видео порака до граѓаните на земјава во пресрет на референдумот се обратија и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и словенечкиот претседател Борут Пахор.

Вчера со видео порака на македонските граѓани се обрати и претседателот на Франција Емануел Макрон, во која вели дека договорот со Грција овозможува иднина за земјата и оти верува во мудроста на граѓаните.

Поврзани новости