На собраниската Комисија за европски прашања на која денеска на дневен ред е Предлог законот за употреба на јазиците, мнозинството не го прифати барањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се повлече европското знаменце од овој Предлог.
Според нив тоа служи за покривање на немањето дебата и кршењето на Уставот со оглед на тоа што тоа не се усогласува со ниту една законска регулатива или регулатива од ЕУ.
Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека овој Предлог-закон нема допирна точка со усогласувањето со која било европска директива и регулатива и оти за тоа, како што рече, говори фактот што при неговото предложување не е наведен изворен акт на Европската унија со која тој би се усогласил. Побара доколку постои некаква таква регулатива таа да се наведе со полн назив и датум.