Дали Заев ќе оди со Манчевски во Центар?

by Фокус

Раководството на СДСМ деновиве го ставила името на партискиот потпретседател Дамјан Манчевски на анкета, за да го испита расположението на жителите на Центар околу неговата кандидатура за градоначалник на оваа скопска општина, дознава Фокус од партиски извори.

Досега, министерот за информатичко општество и администрација Манчевски беше дел од анкетите за испитување на јавното мислење како кандидат за градоначалник на Скопје, но, според последните информации, сега влегува во битката за Центар.

Социјалдемократите предмалку објавија листа со официјални кандидати за градоначалници во десетина општини низ Македонија, но не и за Центар, каде актуелниот градоначалник Андреј Жерновски веќе собра потписи за независна кандидатура.

Од СДСМ се уште тактизираат со одлуката дали на крајот ќе го поддржат Жерновски за уште еден мандат, дали ќе го кандидираат претседателот на партиската општинска организација Саша Богдановиќ, или, пак, ќе одат со трето решение – Манчевски.

Манчевски не одговори на нашето прашање дали е точна информацијата дека е можен кандидат за градоначалник на Центар.

Поврзани новости