Преговорите за изборниот законик тапкаат во место, партиите и денеска ќе преговараат

by Фокус

Иако е пробиен рокот за договор за изборната регулатива, а веќе до 20 октомври треба да се избере нов министер за внатрешни работи, работните групи и денеска продолжуваат да се натегаат околку прашањата за изборниот законик, како да гласа дијаспората и финансирањето на партиите за време на избори.

Последната средба на работната група завршила без да се постигне договор. Претставници на политичките партии од вчера, попладне до раните утрински часови останале во Клубот на пратеници 10 часа и повторно не седнале на заедничка маса, туку имале одделени средби со посредникот Питер Ванхауте.  Претходно, олеснувачот Ванхауте информираше дека отворени прашања остануваат дијаспората и одлучувањето во ДИК.

Денеска треба да има нова средба на работната група, но се помали се очекувањата дека ќе се најде решение, бидејќи наместо да ги приближуваат ставовите, партиите ги оддалечуваат.

 

Поврзани новости