Мухамед Зекири си заминува од АЛСАТ-М

by Фокус

Мухамед Зекири, уредник на емисијата „Патот кон“ си заминува од телевизија АЛСАТ -М, а таквата информација, Зекири со јавноста ја сподели преку својот фејсбук профил. Тој не пишува каде планира да замине и кое ќе биде неговото ново работно место.

– Секоја разделба е болна, посебно кога се разделуваш од нешто што ти било во срцето и што си го растел и со го изградил. Но, секој почеток има и свој крај.Таков е животот. 10 години се една декада, бев тука кога се роди и допринесов бар малку да порасне и биде тоа што денеска е ТВ АЛСАТ-М.Се разбира тоа не го направив сам, бевте Вие колеги и сите вработени во ТВ АЛСАТ-М кои ми ја дадовте Вашата поддршка да успееме и АЛСАТ-М да биде пример за сите овде и пошироко – пишува тој на својот фејсбук профил.

 

Поврзани новости