Прегазил пешак и побегнал од местото на несреќата

by Fokus

Сообраќајна незгода се случила вчера кога непознато лице со возило удрило во пешак, кој веднаш починал, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 21,00 часот на магистралниот пат Велес-Штип-Кочани, кај фабриката за масло, се случила сообраќајна незгода во која засега непознато лице управувајќи возило, удрило во пешак, кој починал на самото место. По незгодата, непознатото лице со возилото го напуштило местото на настанот. Смртта на пешокот е констатирана од доктор при Итна медицинска помош.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи -Штип. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција и се преземаат мерки за идентификување на починатиот и пронаоѓање на возачот.

Поврзани новости