Во среда ќе биде објавена пресудата за „Тврдина 2“

by fokus 13:14
13:14

Во среда ќе биде објавена пресудата за случајот „Тврдина 2“, во кој е осомничен поранешниот директор на Петтата управа, Горан Грујевски, и уште шест вработени во УБК.

Според обвинението кое против нив го поднесе СЈО, тие се товарат дека уништиле службена документација, со цел да ги сокријат трагите за нелегалното масовно прислушување.

- Advertisements -

На денешното судско рочиште обвинителката Ленче Ристоска во завршните зборови од судот побара Грујевски да добие максимална казна затвор, а додека за останатите службенички побара алтернативни мерки, бидејќи досега немале црна дамка во кариерата.

 

Поврзани новости