Им должел пари, физички го нападнале, а сопругата почнале да ја дават

by Fokus 13:31
13:31

Две лица нападнале сопружници вчера поради долг, информираа од МВР.

Според полицијата, 31-годишната А.Т. од Битола пријавила дека две лица дошле и го побарале нејзиниот сопруг А.Т.(31), при што по кратка расправија, заради наводни нерасчистени должничко-доверителски односи, едното од нив ја фатило Н.Т. за вратот и почнал да ја дави, додека другото лице физички го нападнало нејзиниот сопруг.

- Advertisements -

Во текот на настанот лицата од Н.Т. одзеле 3.000 денари и со возило го напуштиле местото на настанот. За време на настанот, А.Т. удрил со рака во стакло при што се здобил телесна повреда-расекотина на десната рака.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани новости