421
Полицијата примила пријава од очевидец дека вчера на паркингот пред езеро Треска непознато патничко возило удрило во шестгодишно дете од Скопје и го напуштило местото.
Како што соопштија од МВР, детето со друго возило било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.