МВР: Починатото девојче во Илинден паднало во ископ за темели за зграда, полн со вода

by Фокус

Тринаесет годишното девојче што вчера почина на градилиште во скопски Илинден паднала во ископ за темели за изградба на зграда, кој бил полн со вода, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

„Околу 15.00 часот, од страна на локалните жители, телото на девојчето било извадено. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Трагедијата се случија во месноста Бигла, кога, според очевидци, девојчето влегло во дупката за да ги извлече братот и други дете кои претходно паднале.

Поврзани новости