Мерцедес удрил велосипедист, возачот побегнал од лице место

by Фокус

Синоќа по полноќ, на скопската улица Цветан Димов, Мерцедес со скопски регистарски ознаки удрило во велосипед, управуван од А.А. (1987) од Скопје.

Според МВР, сторителот бил машко лице, но неговиот идентитет засега е непознат бидејќи веднаш по несреќата го напуштил местото на настанот.

Од ударот, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.

Поврзани новости