Вчеравечер околу 20.50 часот, биле прегазени пешаци во Битола од патничко моторно возило „Опел Корса“. На повредените им била укажана лекарска помош и се задржани на понатамошно лекување.
„На 16.11.2018 година околу 20,50 часот во Битола на крстосницата од улица „Партизанска“ и крак од улица „Партизанска“ Н П.(35) од село Новаци управувајќи патничко моторно возило „Опел Корса“ со битолски регистарски ознаки удрил во пешаците Т.М.(73) и К.М.(71) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.М. и К.М. На повредените им била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, по што се задржани на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од МВР.