Митовска: МВР за време на СДСМ има нерасчистено 9 убиства!

by Fokus

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска во синоќешното гостување на „Отворено“ на Алфа, испрати низа критики кон владејачката партија СДСМ, поради како што рече, несоодветното функционирање на МВР.

„Сите институции се под раководство на СДСМ. Неодговорно е по секој пропуст на СДСМ, да се вперува прстот кон ВМРО-ДПМНЕ. МВР за овој период додека СДСМ е на власт, има нерасчистено 9 убиства“, истакна Митовска.

Поврзани новости