Прегазена жена во Автокоманда

by irena 13:31
13:31

МВР информира дека вчера попладне во 13:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Јани Лукровски“ и сервисна улица во Скопје, во скопската населба Автокоманда патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(24) од Скопје, удрило во 65-годишната С.Т. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични вести